Tuesday, December 4, 2012

ТРЕТ ЊУТНОВ ЗАКОН

Овој закон објаснува што се случува со две заемодејствувачки тела. За пример нека послужи затворен систем кој се состои од две тела. Првото тело може да дејствува на второто со некоја сила, а второто на првото со силa. Како се однесуваат силите? Третиот Њутнов закон утврдува дека: дејствувачката сила е еднаква по модул и спротивна по насока на силата на противдејство. Треба да се истакне дека овие сили се приложени на разни тела, па затоа не се компензираат.

Современа дефиниција

Кога се во пар, материјалните точки дејствуваат една на друга со сили кои имаат иста природа, насочени долж линијата што ги поврзува тие точки, и кои се еднакви по модул и спротивни по насока:
Законот го одразува принципот на парното заемодејство, односно сите сили во природата се создаваат во парови.

Историска дефиниција

Дејството секогаш е еднакво и спротивно на противдејството, а во поинаков случај заемодејствата на две тела се еднакви и насочени на спротивни страни.
Или: за секоја акција (примена на сила) се јавува еднаква, но спротивна по насока реакција (сила со иста јачина и спротивна насока).

ВТОР ЊУТНОВ ЗАКОН

Вториот Њутнов закон е диференцијален закон за движењето, кој ја опишува заемната врска меѓу силата приложена на материјалната точка и добиеното забрзување на таа точка.

Фактички, Вториот Њутнов закон ја воведува масата како мерка за појавата на инертност на материјалната точка во избран инерцијален референтен систем (ИРС).

Современата дефиниција на Вториот Њутнов закон е следна:
Во даден инерцијален референтен систем, забрзувањето што го добива материјалната точка, е правопропорционално на резултатот од дејствувањето на сите приложени на неа сили и обратнопропорционално на нејзината маса.





ПРВ ЊУТНОВ ЗАКОН

Првиот Њутнов закон го постулира постоењето на таква појава како што е инерцијата на телата, односно својство на телата да се спротиставуваат на промените на нивната тековна состојба. Затоа овој закон е познат и како Њутнов закон за инерција.

Современа дефиниција

Постојат такви референтни системи во однос на кои материјалната точка, во отсуство на надворешни влијанија, ја запазува состојбата на мирување или рамномерно праволиниско движење.
Таквите референтни системи се нарекуваат инерцијални

Историска дефиниција

Њутн во својата книга „Математички начела на природната философија“ го формулирал првиот закон на механиката во следниот вид:
Тела кои мируваат или се движат рамномерно праволиниски настојуваат да ја задржат таа состојба сè додека на нив не дејствува некоја надворешна сила.
Од современа гледна точка, ваквата дефиниција е незадоволителна. Тоа е поради неколку причини. Прво, поимот „тело“ би требало да се замени со „материјална точка“, бидејќи телото со определена големина во отсуство на надворешни сили може да обавува и ротаторно движење. Второ, и најглавно, Њутон во својот труд се потпирал на постоењето на апсолутно неподвижни референтни системи, односно апсолутен простор и апсолутно време, а ваквата претстава не се прифаќа во современата физика. Од друга страна, во произволен (ротаторен) референтен систем, законот за инерција не важи. Токму затоа е потребно појаснување на њутновата дефиниција.