Првиот Њутнов закон го постулира постоењето на таква појава како што е инерцијата
на телата, односно својство на телата да се спротиставуваат на
промените на нивната тековна состојба. Затоа овој закон е познат и како Њутнов закон за инерција.
Современа дефиниција
| Постојат такви референтни системи во однос на кои материјалната точка, во отсуство на надворешни влијанија, ја запазува состојбата на мирување или рамномерно праволиниско движење. |
Таквите референтни системи се нарекуваат инерцијални
Историска дефиниција
Њутн во својата книга „Математички начела на природната философија“ го формулирал првиот закон на механиката во следниот вид:
| Тела кои мируваат или се движат рамномерно праволиниски настојуваат
да ја задржат таа состојба сè додека на нив не дејствува некоја
надворешна сила. |
Од современа гледна точка, ваквата дефиниција е незадоволителна. Тоа е
поради неколку причини. Прво, поимот „тело“ би требало да се замени со
„материјална точка“, бидејќи телото со определена големина во отсуство
на надворешни сили може да обавува и ротаторно движење.
Второ, и најглавно, Њутон во својот труд се потпирал на постоењето на
апсолутно неподвижни референтни системи, односно апсолутен простор и
апсолутно време, а ваквата претстава не се прифаќа во современата
физика. Од друга страна, во произволен (ротаторен) референтен систем,
законот за инерција не важи. Токму затоа е потребно појаснување на
њутновата дефиниција.